Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра

Bez autora
May 11 2025

Стоковата размена со странство во првиот квартал годинава изнесува 4 701 140 евра.

Извозот на стоки од државава е во вредност од 1 928.6 милиони евра, за 0.04 проценти помалку во однос на истиот период од претходната година, а вредноста на увезената стока 2 772.6 милиони евра за 1,28 проценти повеќе споредено со периодот јануари-март лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – март годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со 47.3 проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.1 процент во вкупната размена.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik